Белата куќа: Трамп беше саркастичен кога му се заблагодари на Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп беше саркастичен кога му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин дека им заштедил пари на САД, со тоа што наложил Вашингтон да го намали бројот на дипломатскиот персонал во Русија, јави Ен-Би-Си њуз, 24 часа по изјавата на Трамп.
Ен-Би-Си ова го објави на Твитер, цитирајќи ја портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, која ја појаснила изјавата на претседателот.
Трамп во четвртокот му се заблагодари на рускиот лидер Владимир Путин поради тоа што го намалил бројот на американскиот дипломатски персонал во Русија, бидејќи како што рече „сега имаме помал платен список“.
- Сакам да му се заблагодарам, бидејќи се обидувавме да го намалиме платниот список и што се однесува до мене јас сум мошне благодарен, што протера толку многу луѓе, рече Трамп.
Путин реагирајќи на новите санкции, кои ги воведе американскиот Конгрес, на 30 јули му наложи на Вашингтон до септември да го намали бројот на вработените во Амбасадата и Конзулатот на САД од 1.200 на 755.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи