Loading Video...
Свет
10. November 2017 - 17:16

Белата куќа – нема да има средба Трамп – Путин

Трамп од Виетнам- нема да толерираме нефер трговија

Формален состанок Путин Трамп во Виетнам нема да има. Таква средба воопшто не е планирана  за денеска  објави Белата куќа  додека  вчера руската страна го соопшти спротивното. Во виетнамскиот град Да Нанг се одржува самит на организацијата на  Азиско пацифичка економска соработка, позната како АПЕК.  Во своето обраќање,  ТРамп порача дека  повеќе нема  да толерира постојана злоупотреба на трговијата.

- Од денеска ќе се натпреваруваме на праведна и рамноправна основа. Нема да дозволиме  Соединетите држави повеќе да се искористуваат, порача Доналд трамп претседател на САД.

АПЕК го сочинуваат 21 економија од Азија и Пацификот кои создаваат оклу 60 проценти од светскиот БДП.

Обрадовиќ- Србија е на пат да стане најголемиот центар за азиланти во Европа

Во Србија се регистрирани  речиси  620 000 баратели на азил, од кои 500 000 се од Сирија и Авганистан, во последните пет години.. Земјата е на пат да стане најголемиот центар за азиланти во Европа предупредува српското движење Двери. Обрадовик додаде дека во неколку општини во тек е освојување на наметнати акциони планови за подобрување на положбата на мигрантите во наредните 5 години и  дека касарни  и детски одморалишта се пренаменуваат во центри за азиланти. Во Србија сега има 14 прифатни центри.

Британија излегува од ЕУ  на 29 март 2019 година во 23 часот

Владата на Велика Британија одлучи со закон да го фиксира точниот час и датум од излегувањето на земјата од ЕУ. Брегзитот ќе се случи на на 29 март 2019 година во 23 часот.  Инаку во Брисел  вчера почна  шестата рудна разговори за Брегзитот.