Свет
25. February 2017 - 11:01

Белата куќа го забрани пристапот на неколку медиумски куќи

Белата куќа синоќа го забрани пристапот на новинарите од неколку медиумски куќи на нивните прес-конференции. 

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го забрани присуството на новинарите од „Си-Ен-Ен“, „Би-Би-Си“, „Њујорк тајмс“, „ЛА тајмс“, „Њујорк Дејли њуз“ и „Дејли мејл“ на прес-конференциите во Белата куќа. 

Главниот уредник на „Њујорк тајм“ Дин Баки изјави дека никогаш такво нешто не се случило во Белата куќа. 

Здружението на дописници од Белата куќа (ВХЦА) ја критикуваше оваа одлука. 

- Одборот на ВХЦА остро протестира против денешната одлука на Белата куќа, изјави претседателот на Здружението Џеф Мејсон.