Бизнис
12. May 2016 - 12:35

Бела куќа: Грција има потреба од реструктуирање на долгот

Решение за финансиските проблеми на Грција е невозможно без реструктуирање на нејзиниот јавен долг, оцени Џејсон Форман, претседател на Советот на економски советници на американскиот претседател Барак Обама, јавува ТАСС. 

Форман смета дека „во моментов преструктурање на грчкиот долг е најважно прашање“ и дека без него нема долгорочно решение на проблемот. 

- Колку порано почне дискусијата за тоа прашање, толку подобро, објасни Форман, и посочи дека Грција има потреба од реформи и одговорна буџетска политика.