Свет
22. February 2017 - 23:39

Бела куќа: Американската позиција за ектрадицијата на Ѓулен останува непроменета

САД до овој момент ја нема сменето својата позиција за прашањето околу побарната екстрадиција на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за преврат од  15 јули минатата година, за ТАСС изјави претставник на прес службата на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

-Нема никаква промена (во контекс на прашањето), посочи претставникот на Белата куќа, кој бил замолен да ја прокоментира изјавата на турскиот премиер Бинали Јилдерим, кој претходно денеска кажа дека администрацијата на Доналд Трамп, се чини, позитивно гледа на прашањето за екстрадицијата на Ѓулен.

Претходно турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, изјави дека верува дека Трамп нема да ги направи истите грешки како администрацијата на Барак Обама во односите со Турција.

Чавушоглу изјави дека Турција очекува Вашингтон да го екстрадира исламскиот проповедник Фетула Ѓулен и да ја прекине соработката со сириските курдски Сили за заштита на народот (СЗН).

До овој момент нема официјална изјава од страна на Трамп или на други претставници на американската администрација за прашањето за Ѓулен, забележува ТАСС.