Македонија
26. July 2017 - 14:50

Бектеши - Техада: Македонија и Швајцарија да ја унапредат економската соработка

Македонија да ја унапреди економската соработка со Швајцарија која претставува нејзин значаен трговски партнер, е заклучокот од денешната работна средба на ресорниот министер Крешник Бектеши со швајцарската амбасадорка во земјава Сибил Зутер Техада.

Според Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, Швајцарија во последните три години не е меѓу првите 20 земји кои се најголеми трговски партнери на РМ што е само причина повеќе да се работи на подобрување на деловните односи.

Трговска соработка меѓу Македонија и Швајцарската конфедерација се одвива врз основа на Договорот за слободна трговија од 2000 година, со кој македонските индустриски производи се извезуваат слободно, односно без царина во оваа држава. 

Министерот Бектеши изрази посебна благодарност за швајцарската поддршка во областа на туризмот и угостителството, проекти кои се резултат, рече, на одличните односи меѓу двете земји.