-->
-->
Бегалците кои во центарот на Атина штрајкуваа со глад, го прекинаа протестот
-->
Четиринаесет бегалци кои две недели штрајкуваа со глад и кампуваа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина синоќа го прекинаа штрајкот.
Седуммината мажи и седумте жени, кои бараат да бидат обединети со нивните семејства кои се веќе во Германија, соопштија дека го прекинале штрајкот со глад за да ги заштитат своите деца кои се со нив на плоштадот Синтагма, од студеното, влажно време.
На синоќешната прес-конференција тие рекоа дека, иако го прекинуваат штрајкот со глад, ќе продолжат со својата борба „со цел нивните гласови да се слушнат во Грција и во Германија“.
Бегалците побараа да се забрза процесот за нивно испраќање во Германија, како дел од шемата на ЕУ за релокација на бегалци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари