Македонија
3. December 2015 - 23:38

Бегалци од воени подрачја го продолжија патот низ Македонија, економски мигранти убедени да го ослободат преминот

Граничниот премин за бегалци во неутралната зона меѓу Грција и Македонија во Идомени вечерва е отворен, и во Македонија се пуштени Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Грчката државна новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на информации од полицијата, јави дека група мигранти од Иран и Мароко, кои го блокирале преминот во знак на протест што не им се дозволува да го продолжат патувањето, биле „убедени да се тргнат“.