Живот
3. February 2016 - 16:31

Бегал од мечка и се качил на дрво, но и тоа не му помогнало

Кога ве брка мечка, логично е да се качите на дрво, ако има во близина. Тоа секако не е добра препорака ако животното кое ве брка е од семејството мачки. Но, овој мечок докажал дека и за него нема препреки

Во рускиот град Красноуфимск настанала многу необична снимка која го привлече вниманието на луѓето на интернет. Еден човек го забележал соседот како бега од мечок и се качува на дрво. Но, животното било толку бесно што го следело до самиот врв.

За среќа, мечокот после некое време изгубил интерес и се откажал, па човекот останал неповреден.