Свет
16. јуни 2017 - 8:48

Беата Шидло обвинета дека го користи Аушвиц за одбрана на антимигрантската политика

Полскиот премиер Беата Шидло е обвинета за правење „непримерни и неприкладни“ споредби, користејќи го застрашувачкото искуство од нацистичкиот логор Аушвиц, од времето на Вторатата светска војна, за одбрана на тврдата, антиимигрантска политика на нејзнината влада.

Шидло  зборуваше на одбележувањето на 77 годишнината од првиот транспорт, што нацистите го имаат испорачано во овој логор на смрта, во јуни 1940 година.

„Во денешните мачни времиња, Аушвиц е голема лекција, за тоа дека мора да се направи се што е потребно, за да се одбрани безбедноста и животите на лугето ( на Полјаците)„- рекла Шидло во некогашниот логор, кој денеска е споменик за страдањето на лугето во времето на нацизмот во Европа.

Нејзините политички противници, критичарите и демократските активисти реагирале веднаш со остра осуда на зборовите на премиерот Шидло, обвинувајќи ја дека ја користи својата тврда, антимигрантска  политика и одбивањето да прифати бегалци , со страшните искуства од времето на Вторатста светска војна и нацистичките злосторства врз милиони невини луге, брутално ликвидирани во овој логор на смрта.

Со остра осуда се огласи и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој е поранешен полски премиер.

-Никогаш досега, ниту еден полски премиер, не користел такви зборови, од тоа место (Аушвиц) - изјавил Туск.

Портпаролот на владата во Варшава, ги отфрлил обвинувањата тврдејќи дека нејзните зборови се „извлечени од контекст„ но кабинетот на премиерот, веднаш по првите критики, го симнале од владината интернет страница,  излагањето на Шидло во Аушвиц-Биркенау.

Во првиот транспорт со затвореници, од пред 77 години, имало 728 лица, сите Полјаци, главно, политички затвореници, војници, студенти и полски Евреи.

Контроверзната изјава на полскиот премиер доаѓа само три денови по соопштението на Европската комисија дека се отвора постапка против Унгарија, Словачка и Полска за нивното одбивање да прифатат бегалци според квотата  за сите земји, членки на ЕУ, што ја определи Брисел.

Владата на Полска, првично, се согласи со квотата за бегалците, но се откажа од тоа откака власта во земјата ја презеде  националистичка партија на Правото и правдата.