Свет
9. December 2016 - 19:57

БДП во третиот квартал порасна за 2,4%

Раст на економијата од 2,4 отсто во третиот квартал објави статистика. Најдобри резултати генерира секторот технички научни стручни услужни дејности  каде е регистриран раст од 10,9 отсто и во градежништвото од 10,3 проценти. Во секторот комуникации и инфромации има зголемување  од 5,6 отсто. Финалната потрошувачка кај домаќинствата чие учество во структурата на БДП е 64 отсто бележи номинален пораст од 5,3 проценти.

Сепак во споредба со претходниот кварал има благ пад на БДП што главно се должи на политичката криза која подолг период е присутна во земјава. Граѓаните ги повлекуваа штедните влогови од банките, фирмите  се воздржаа од нови инвестиции. По завршување на изборите се очекува раздвижување на целокупниот бизнис.

Во третиот квартал  регистриран е и зголемен извоз од 13,3 отсто и  увозот за 11,1 процент.