Кошарка
20. January 2016 - 14:03

Базаревич нов селектор на Русија

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Советскиот Сојуз, Сергеј Базаревич (50) е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Русија.
 
Базаревич од декември минатата година е тренер во италијанскиот Канту, а во кариерата работел во Динамо Москва, Краснаја Крила и Локомотив Краснодар.
 
Искусниот стратег на селекторската функција го наследи Евгениј Паушутин, кој на Европското првенство не успеа да ја исполни поставената цел, односно со Русија да се пласира на Олимписките игри.
 
Русија на Евробаскетот го освои петтото место во Групата А и со скор од една победа и четири порази ги заврши натпреварите во првиот круг.