Балкан
23. May 2016 - 11:52

БАТА починал во сон: Детали за смртта на легендарниот актер!

Велимир Бата Живоиновиќ ја загуби најтешката битка, вчеравечер негде пред 23:00 часот, а според информациите од болницата „Свети Сава“ каде ги мина последните денови, тој починал во сон.
 
- Почина вчеравечер околу 23:00 часот во сон, како последица од болестите кои ги имаше - шеќер, анемија, бубрежна инсуфициенција, срцева слабост со компликации и оклузија, речиси сите крвни садови, - вели извор од болницата за српски Телеграф.
 
Тој вели дека Бата во болницата ги минал последните 6 дена.
 
-Штом почна да му заздравува раната на ногата тој од Дедиње беше преместен кај нас. Повремено се будеше, но беше многу лошо.Беше на трансфузија и антибиотици за било какви сериозни инфекции на раната. 
 
Исто така открива дека телото е се уште во комора во болница и дека треба семејството да заврши со документација за да го превземе.
 
- Кога ќе се случи тоа зависи од семејството, - вели изворот.