Баша: На 18 јуни нема да има избори во Албанија
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша синоќа по средбата со партиската парламентарна група изјави дека во Албанија на 18 јуни нема да има избори за нов состав на Парламентот.
Како што јави дописникот на МИА, Баша додаде дека опозицијата никогаш не донела одлука да не учествува на изборите, но не прифаќа и нема да дозволи да се одржат избори без опозициските партии и најави голем протест на 13 мај.
- Одлуката е донесена, обврските се поделени. На 13 мај ќе се случи најголем протест што некогаш е одржан во Албанија. Ние сме отворени за политички дијалог. Ако другата страна прифати одговорност за катастрофалната состојба во земјата, отворени сме заедно преку политички дијалог да им дадеме на Албанците слободни и фер избори. Оваа битка не ја водиме за нас туку за правата на граѓаните, изјави Баша.
Тој нагласи дека сака „да дообјасни по дванаесетти пат“ дека Демократската партија нема да донесе одлука за бојкот на изборите.
- Сета оваа битка е да се учествува на изборите. Оние кои ќе се организираат на 18 јуни нема да бидат избори, туку ќе биде гласање во еден монистички систем. На 18 јуни монстичко гласање со криминал и дрога нема да има, истакна Баша.
Од друга страна, албанскиот премиер Еди Рама во традиционалната неделна комуникација со граѓаните преку социјалните мрежи изјави дека повеќе нема да ја чека ПД и дека на 18 јуни ќе има избори без опозицијата.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка