Балкан
22. јуни 2016 - 8:36

Баша: Албанија годишно губи милијарда евра поради владината корупција

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љузим Баша, обвини дека земјата годишно губи по милијарда евра поради владината корупција, јави дописникот на МИА.

- Албанија губи милијарда евра годишно од владината корупција, изјави Баша по средбата со членови на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Тирана.

Тој на средбата презентирал план на опозицијата за излез на земјата од, како што ја оцени, ужасната економска криза.

- Пред претставниците на Мисијата на ММФ направивме приказ на ужасната економска состојба во земјата, во која ја втурна оваа Влада и презентиравме план за излез од неа, додаде Баша.