Фудбал
30. April 2017 - 11:49

Барселона убедлива во градското дерби против Еспањол

 
 
Екипата на Барселона славеше убедлива победа со 3-0 во градското дерби против Еспањол во натпревар од 35.коло на шпанската Примера.
 
Иако во првиот дел најзрелата шанса за гол ја имаше домашниот тим на Еспањол, сепак резултатот остана почетниот (0-0). По само пет минути игра (50) во вториот дел, Луис Суарез го откри резултатот. Хрватот, Иван Ракитиќ во 76.минута зголеми на 2-0, а конечните 3-0 за Барселона со својт втор гол на натпреварот ги постави Уругваецот, Суарез на три минути пред крајот (87).
 
На другите натпревари одиграни претходно беа постигнати овие резултати: Сосиедад – Гранада 2-1, 
Реал Мадрид – Валенсија 2-1 и Лас Палмас - Атлетико Мадрид 0-5.
 
Денеска на програмата се четири средби: Осасуна - Депортиво Ла Коруња, Бетис – Алавез, Еибар – Леганес и Селта Виго - Атлетик Билбао, додека колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Малага – Севиља.
 
Табела: Барселона 81 бодови, Реал Мадрид 81 (-1 натпревар помалку), Атлетико Мадрид 71, Севиља 65, Виљареал 63, Сосиедад 61, Атлетик Билбао 59,...