Фудбал
30. January 2016 - 18:00

Барселона со пресврт го победи Атлетико Мадрид

 
 
Екипата на Барселона предводена од Меси и Суарез, оствари триумф против ривалот на шампионскиот трофеј Атлетико Мадрид со 2:1.
 
Во натпреварот од 22.коло на Примера, одигран на „Камп Ноу“ сите три гола беа постигнати во првото полувреме.
 
Гостите од Мадрид поведоа со голот на Коке во 10-минута. Барса брзо се созеде,  па за само осум минути направи и комплетен резултатски пресврт. Најнапред Лионел Меси со 30-минута израмни на 1-1, а во 38-та Луис Суарез го постигна победничкиот гол за Барслона.
 
Атлетико од 44-минута остана со игра помалку откако Филипе Луис заработи црвен картон.
 
 
 
ПРИМЕРА - 22.коло 
Сабота 
Барселона - Атлетико Мадрид 2:1 
18:15 Еибар - Малага
18:15 Гетафе - Атлетик Билбао
20:30 Виљареал - Гранада
22:05 Реал Сосиедад - Бетис
Недела 
12:00 Севиља - Леванте
16:00 Валенсија - Спортинг Хихон
18:15 Лас Палмас - Селта Виго
20:30 Реал Мадрид - Еспањол
Понеделник 
20:30 Депортиво Ла Коруња - Рајо Ваљекано
 
 
ТАБЕЛА: