Ракомет
27. February 2017 - 11:26

Барселона го совлада Фленсбург за комплетирање на колото во Лигата на шампиони

 
 
 Екипата на Барселона забележа победа против германскиот тим Фленсбург во натпреварот со кој беше комплетирано 12.коло во ракометната Лига на шампиони.
 
На средбата од А групата, Барселона пред својата публика го совлада Фленсбург со 26-23, со што шпанската екипа ја оствари петата последнователна победа во елитното натпревраување. Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров постигна два гола за победничката екипа.
 
Комплетни резултати и пласман по одиграните натпревари од 12.коло во Лигата на шампионите:
 
А група: Веспрем - Висла Плок 31-25, Кил – Силкеборг 21-24, ПСЖ – Кадетен Шафхаузен 34-26 и Барселона – Фленсбург 26-23.
 
Табела: Барселона 22 бодови, ПСЖ 20, Веспрем 14, Фленсбург 11, Кил 11, Висла Плок 8, Силкеборг 6 и Кадетен Шафхаузен 2.
 
Б група: Рајн-Некар - Мешков Брест 25-24, Вардар – Целје 35-30, ППД Загреб – Кристијанштад 26-23 и Киелце – ПИК Сегед 28-24.
 
Табела: Вардар 18 бодови, Рајн-Некар 17, Киелце 16, Пик Сегед 13, Мешков Брест 12, ППД Загреб 7, Целје 7 и Кристијанштад 6.