Фудбал
8. March 2017 - 22:58

Барса направи чудо!

 
Со гол на Серхио Роберто во 95 минута, Барселона успеа да дојде до голема победа од 6:1, а со тоа и да постигне вкупен резултат од 6:5 и да помине следната фаза од Лигата на Шампионите.
 
Резултатот го отвори Луиз Суарез во 3 минута, а конечниот резултат во првото полувреме го постави Лајвин Курзава кој си даде автогол во 40. минута.
 
Во вториот дел, Лионел Меси даде гол во 50 минута од пенал, а резултатот го намали Едисон Кавани во 62 минута. За само 7 минути „Каталонците“ успеаја да постигнат 3 гола и да ја надополнат негативата од 4:0 од Париз. Во 88 стрелаше Нејмар, кој даде гол и две минути подоцна од пенал.
 
Точка на натпреварот стави Серхио Роберто во 95 минута.