Фудбал
10. February 2016 - 22:53

Барса и Севилја формално треба да го потврдат финалето во „Копа дел Реј“

Во фудбалскиот Куп на Шпанија или популарниот „Копа дел Реј“ вечерва и утревечер се играат реванш натпреварите од 1/2 финалето.
 
Имајќи ги во предвид резултатите од првите средби, во кои Барселона и Севилја славеа убедливи победи, се чини останува само формално овие два тима да го потврдат пласманот во финалето.
 
Вечерва од 20 часот на „Местаља’’ Барселона во дуелот против Валенсија започнува со предност од 7-0, додека уттревечер во истиот термин (20 ч.) во Виго домашната Селта има „невозможна мисија“ да ја надополни негаривата од 0:4 по првиот меч со Севилја.
 
Потсетување дела лани во финалето Барселона беше подобра од Селта Виго.