Ракомет
8. October 2015 - 9:58

Барса го одреди терминот за дуелот со Вардар

Екипата на Барселона го одреди терминот на одигрување на натпреварот против македонскиот првак Вардар во ракометната Лигата на шампоионите.
 
Мечот кој ќе носи значајни бодови во борбата за првата позиција е закажан за 14 ноември, во 19:30 часот. Тоа ќе биде натпревар од 7. коло во групата Б, а дотогаш Вардар има шанса дополнително да го зацврсти водството на табелата, во натпреварите со Рајн-Некар (в сабота), на гости кај Колдинг (18 октомври) и против Кјелце (24 октомври).
 
Откако ќе црвено-црните ќе гостуваат во „Палау Блауграна“ на 14 ноември, веднаш викендот потоа и Барселона доаѓа во Скопје, на 22 ноември, за возвратниот натпревар, во 8. коло. 
Во моментов Вардар води во групата Б со шест бода, еден повеќе од Рајн-Некар и два повеќе од Барселона.