Фудбал
26. October 2017 - 14:34

Барса го менува името на Камп Ноу за да го задржи Меси?!

Барселона ќе стори сѐ за да го задржи Лионел Меси во своите редови, односно да плати рекорден бонус само тој да го стави својот потпис на договорот.
 
Договорот на Меси со Барселона истекува на крајот од сезоната, што значи дека тој од 1 јануари 2018 година може да преговара со сите заинтересирани, односно со новиот работодавец, шпекулациите велат дека Манчестер сити е сериозно заинтересиран.
 
За да го задржат Меси до крајот на кариерата во клубот, челниците на Барселона подготвуваат раскошна понуда, според која тој би имал неделна плата од 550.000 евра.
 
Парите за платата не се проблем, проблем преставува бонусот од неверојатни 90 милиони евра, кој Меси треба да го добие со тоа што ќе го стави својот потпис на договорот.
 
За врвните фудбалери бонусите за потпис на договор се вообичаена пракса, но сумата што ќе ја добие Меси е незабележена во историјата на фудбалот.
 
За да обезбеди пари, Барселона го продава името на стадионот, а како што објави Радио Каталуња, пред крај се преговорите со фармацевтскиот гигант од Барселона „Грифолс“. Преговорите во име на клубот ги води „Ван Вагнер“, водечка компанија во областа на спортскиот маркетинг.
 
Барселона, едноставно, мора да преземе ваков чекор со оглед на тоа што клубот за плати издвојува 480 милиони евра годишно, што преставува 84 отсто од вкупните расходи.
 
Со вакви расходи, а доколку не го продаде името на стадионот, Барселона нема да може финансиски да го издржи новиот договор на Меси.
 
Доколку преговорите бидат успешно завршени од наредната сезона, па во наредните 30 години, стадионот на Барселона ќе го носи името „Ноу Камп Грифолс“, а клубот од фармацевтската компанија ќе добие 340 милиони евра.
 
Дел од парите Барселона ќе искористи за финансирање на новиот договор на Меси, а дел за една голема инвестиција која предвидува темелна реконструкција на стадионот и неговата околина. За реализација на овој проект Барселона ќе треба да издвои околу 600 милиони евра.