Македонија
28. November 2017 - 13:06

Барикади и воден топ околу Кривичен, полицијата се подготвува за протестите на опозицијата

Под големо полициско обезбедување започнаа подготовките за протестот што го најави опозицијата, откако утрово беа приведени 36 лица, меѓу кои функционери и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, по повод настаните во Собранието на 27-ми април.

Очевидци велат дека кон судот заминало и оклопно возило со воден топ.

Опозцијата ги повика симпатизерите и граѓаните кои не се согласуваат со политиките на власта да излезат на протест пред Основниот суд во 13.30 часот.