Барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски се уште во Кривичниот суд
Кривичниот совет од Одделението за организиран криминал при скопскиот Кривичен суд се уште постапува по барањето за екстрадиција на поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, велат за МИА од Министерството за правда.
Посочуваат дека роковите до кои треба да се соберат потребните документи и да се пратат во грчкото Министерство за правда веќе течат. Според Законот за меѓународна соработка во кривична материја, барањето за екстрадиција и потребните списи се доставуваат во рок кој не може да биде подолг од 40 дена од денот на донесувањето на решението за притвор заради екстрадиција.
Во меѓувреме Грујевски и Бошкоски остануваат во екстрадициски притвор. Тие два пати беа изведени пред Судот во Солун поради поседување лажни патни исправи, но судењето беше одложено за 1 декември поради немање преведувач од грчки на македонски јазик.
Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.
Двајцата беа уаспени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација