Барале азил, направиле злосторство: Македонец, Сириец и Босанец силувале млада загрепчанка
Тројца државјани на БиХ, Сирија и Македонија кои барале азил во Хрватска, се уапсени затоа што во Загреб дрогирале и силувале 22-годишна девојка.
Полицијата против А.Х. (40) од БиХ, потоа Б.А. (30) од Сирија и И.С. (43) од Македонија поднесе кривична пријава за тешко силување, а злосторничката тројка е во истражниот затвор во Реметинец.
Неименуваната жртва раскажала дека била силувана во четвртокот во собата во објектот во кој се сместени тројцата мажи. Прво ја опијаниле, па и дале и таблети и на крајот ја силувале. Девојката рекла дека била свесна, но не можела да мрдне поради влијанието на алкохолот и дрогата.
На жртвата и е земена крв, а се чекаат токсиколошките наоди. Сите тројца уапсени го негираат делото, додека босанскиот државјанин и Сириецот тврдат дека сексот не бил присилен туку доброволен. Македонцот тврдел дека воопшто немал односи со девојката. Исто така тврдат дека девојката одлучила да ги пријави откако одбиле да и дадат пари кои ги барала за сексуалните услуги.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација