Бизнис
23. September 2016 - 19:45

Банките во август одобриле 12 милиони евра потрошувачки кредити

Растат потрошувачките кредити кај домаќинствата.  За само еден месец банките и штедилниците одобреле  кредити вредни над 12 милиони евра.

Заклучно со август пак, вкупните потрошувачки кредити надминаа милијарда евра, покажуваат податоците кои ги објави Народната баннка.  Веднаш зад  потрошувачките, се  станбените кредити.

До август одобрени се 534 милиони евра, или речиси двојно помалку отколку за живеачка. 

За задолжување  со кредитни картички  граѓаните побарале 203 милиони евра, додека за покривање на минусот во тековните сметки изнесува 103 милиони евра.

Населението се помалку зема кредит за нов автомобил. Вкупно се одобрени нешто над 5 милиони евра  по овој основ.

Кредитите кои банките и штедилниците не можат да си ги наплатат, односно кредитите кои граѓаните не можат да ги вратат изнесуваат речси 54 милиони евра.

Податоците кои го објави Народната банка покажуваат дека вкупните заеми дадени на физичките лица и на  самостојните  вршители на дејносот изнесуваат  над 2 милијарди евра. Најголме дел од кредитите се дадени во денари.