Свет
15. December 2016 - 15:30

„Банката на Англија“ ја задржа референтната каматна стапка од 0,25 отсто

Британска централна банка денеска ја задржа референтната каматна стапка на рекордно ниското ниво од 0,25 отсто, и покрај скокот на инфлацијата што беше предизвикан од неизвесноста со Брегзит.

Сите девет членови на Монетарниот комитет на „Банката на Англија“, на редовното заседание, гласаа за задржување на каматната стопка на постојното ниво, воздржувајќи се истовремено од проширување на програмата на месечен откуп на обврзници, што во моментов изнесува 435 милијарди фунти (521 милијарди евра), пренесуваат француските медиуми.

Гувернерот на „Банката на Англија“, Марк Карни, изјави дека неизвесноста и двоумењата ќе го одбележат процесот на излегување на Велика Британија од Европската Унија, пренесуваат американскките медиуми.