Бизнис
24. May 2017 - 20:15

Бања Кежовица ќе добие отворен базен со термоминерална вода

ЈП „Исар“ од Штип, најави изградба на отворен базен со термоминарелна вода во склоп на бања „Кежовица“. Во изминатиов период бањата беше целосно ентериерно реновирана, а се инвестираше и во сместувачките капацитети.

Раководителот на „Кежовица“ вели дека имаат посетители од земјава, соседството и од далечниот исток.

- Бележиме посетеност на бањата од околу 70 000 посетители годишно -изјави  Трајче Јанев, раководител на „бања Кежовица“

Во Штип е традиција барем еднаш неделно да се оди на бања, навика која почесто ја практикуваат постарите жители.

- Стално доаѓам, секој понеделник. Водата е убава и базенот,  чисто е и хигиена се одржува, за мерак-изјава посетителка

- Бањата ние убава, за здравје, водата е чиста-изјави посетителка

Термоминерлните води во Кежовица се со температура од 64 Ц степени и е една од набогатите со радон во Европа, елемент познат и како „еликсир на младоста“.