Свет
25. September 2015 - 11:55

Бан Ки-мун: Помошта на ЕУ од една милијарда евра за бегалците е правилен, но недоволен чекор

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ја поздрави одлуката на ЕУ за испраќање една милијарда евра на агенциите на ОН, кои им помагаат на бегалците во соседните земји на Сирија, како и за распределба на 120.000 лица во државите од ЕУ.

- Генералниот секретар ги повика европските лидери да направат повеќе, со цел да им гарантираат на бегалците достоен и хуман прием, се наведува во денешното соопштение на ОН.

Бан Ки-мун истакна дека е потребно да се направат поголеми напори за решавање на кризите и конфликтите, кои ги принудуваат луѓето да бегаат, како на пример во Сирија.