Свет
26. December 2016 - 17:38

Бан Ки-мун ќе го започне одбројувањето до 2017 година на Тајмс сквер

Генералниот секретар во заминување на ОН Бан Ки-мун на новогодишната ноќ ќе спроведе една од последните церемонијални должности пред истекот на неговиот 10-годишен мандат. 

Тој на Тајмс сквер ќе притисне тастер и ќе го вклучи механизмот за едноминутно одбројување до почетокот на 2017 година. 

Во Њујорк традиционално се дочекува новата година со спуштање на кристална топка во јарбол на Тајмс сквер, што трае 60 секунди. 

Се очекува стотини илјади лица да го проследат спуштањето на топката во сабота на полноќ на една од најважните крстосници во Менхетен.