Свет
22. September 2015 - 9:39

Бан Ки-мун ги повика европските лидери да се однесуваат добро со мигрантите

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги повика европските лидери да направат се што е потребно бегалците и мигрантите да се третираат на хуман и достоинствен начин, откако многу од нив поминале тежок пат, бегајќи од војна и непочитување на човековите права.

- Генералниот секретар го следи со голема загриженост затворањето на некои граници во Европа, недостигот на соодветни места за сместување и се почестотото лошо однесување кон мигрантите и бегалците, изјави портпаролот на Бан, Стефан Дјужарик.

Бан Ки-мун на 30 септември свика средба посветена на предизвиците како резултат на зголемениот прилив од бегалци и мигранти во Европа