Спорт плус
19. јуни 2017 - 9:23

Балтич: Тешка е улогата на фаворит

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со три победи го заврши првиот турнир од групата А од Европската лига. Совладани беа селекциите на Азербејџан (3-0), Албанија (3-0) и Шведска (3-1).

Македонија е прва во групата, а по вчерашниот триумф над Шведска селекторот Драгутин Балтич истакна:
- Шведска се покажа како најопсен ривал, а во Албанија ќе биде исто така тешко. Со трите победи ние сме речиси пласирани на финалниот турнир. Улогата е на фаворит е тешка. Добро е што дисциплината во играта е голема, но тоа е простор каде секогаш може да се надополнува. За да играме подобро треба „првиот удар“ да ни биде посилен тука мислам на сервисот, а потоа и блокот и одбраната треба да се подобрат. Тоа значи дека имаме многу за работа.
На вториот турнир што се игра од петок до недела во Тирана, Македонија ќе игра по следниот распоред: Шведска (петок), Азербејџан (сабота) и Албанија (недела).