-->
-->
Балканското „класико“ предизвик за сите
-->
Вечерва стартува ЕП во ракомет во Хрватска а на стартот дуел кој го привлекува вниманието од повеќе аспекти. Балканско „класико“ Хрватска против Србија, меч кој буди големи емоции кај двете екипи но и предизвик за организаторот да се надминат фрустрациите и да се избегнат несакани слики и сцени...
Славко Голуже поранешниот селектор на популарните „каубоји“ изјави во медиумите дека нема да има аплауз за Србија но дека мечот ќе биде психичко и емоционално истоштување за хрватските ракометари.
Игор Крајачиќ изјави дека доколку дојде до инцидент со сопствените тела ќе ги заштитат српските играчи.
Крајачиќ е соиграч на Марсениќ во Вардар и рече дека тој и неговите другари ќе го направат тоа што лично очекуваат противникот да го направи во слична ситуација...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО