Кошарка
19. April 2017 - 9:20

Балканската титула за Берое

Кошаркарите на Куманово загубија и вториот финален натпревар во Балканската лига (БИБЛ), од бугарскиот Берое. Куманово реваншот го загуби со 73:77.
 
Куманово се обиде но немаше сили барем во реваншот да забележи победа. Берое на реваншот допатува со огромна предност од 29 поени оставрена на првиот натпревар и во таков стил го осдигра и првото полувреме, во кое стекна предност 26:44.
 
Третата четвртина ги врати Кумановци во натпреварот, ја добија со 30:11, стекнаа поен предност пред решавачкиот период, но во последните десет минути немаа сила барем да забележат утешна победа.
 
Инаку, Куманово е третиот македонски тим кој стигнал до финалето во БИБЛ конкуренцијата, претходно тоа им успеа на Работнички и Фени индустри, но само екипата од Кавадарци успеа да ја освои титулата. 

Ново на Сител