Македонија
5. October 2015 - 16:26

Балканска конференција за мигрантите

Наместо подобрување, сликите од Сирија секој ден потврдуваат се поголемо влошување на условите. Очигледно е дека напорите за овозможување на нормален живот за бегалците во нивната родна земја нема да успеат барем не во блиска иднина. И меѓународните организации и претставниците на ЕУ се убедени дека бранот на бегалци од земјите од блискиот исток и натаму ќе расте. Неможе ниту да се предвиди што може да случи во период од една година, но јасно е дека нема земја која е дел од нивната рута на патот до Западна Европа која нема да ги чуствува последиците.

Македонија не размислува за градење ѕидови или поставување на огради. Првиот човек на центарот за управување со кризи тврди дека е јасно оти од такви потези нема резултат. Амбасадорката Србија потврди дека нејзината земја нема во план да ја затвори јужната граница како што тоа го направија нивните северни соседи. Таа повика балканот да ја покаже солидарноста на дело, а ЕУ да ја зголеми помошта која не треба да биде само финансиска.

Временските услови се менуваат а со нив и потребите на бегалците. Ако до сега најпотребна беше водата за пиење сега за нив ќе треба да се обезбеди топла облека и напитоци. Црвениот крст кој од првиот ден е на граничната линија останува на терен.

Очигледно е дека бројот на бегалци нема да се намали. Можеби ќе ги променат рутите на движење како што тоа го правеа неколкупати до сега, но Европа и светот мора да понудат помош. Оние кои бегаат од војна да добијат засолниште, оние кои ја користат ситуацијата да добијаат соодветен одговор.