Балкан
20. July 2015 - 17:36

Балканот во црвен аларм

На Балканот продолжуваат  пеколните горештини. Во делови на Србија, Хрвстака, Босна и Херцеговина останува во сила црвиот метеоаларм. Температурите на воздухот надминаа 40 степени целзиусови, а граѓаните мака мачат да се  справат со жешкото време.

Српските метеорозоли за вечерва најавија врнежи од дожд, но ќе се освежат само оние кои живеат во планиниските предели во југозападниот дел на земјата .

Граѓаните се советуваат да го избегнуваат сонцето во најтоплиот дел од денот, да престојуваат во оладени простории и да пијат многу течности. Службите за брза помош јавуваат за зголем број на лица кои побарале помош.

Екстремно високите темепратури во регионот ќе се задржат и во наредните денови.