Балкан
13. March 2017 - 8:33

Балканот се тресе, утрово силен земјотрес

Земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер го погоди подрачјето на Херцеговина, а епицентаорт е ан 7 километри оддалечен од Ливно и на длабочина од 5 километри.

Потресот кој се случил рано утрово околу 2 часот го почувствуале жителите на Забришќе во БиХ, а епицентарот е на 1 километар северозападно од ова место.

Земјотресот се почувстувал и во соседна Хрватска, на порачјето на Сињ и Сплит, односно на 51 километар североистилно од Сплит.

Засега нема податоци за материјалната штета. Потресите со оваа јачина се умерено силни и може да предизвикаат помала материјална штета.