Македонија
26. August 2016 - 17:53

Балистите предизвикаа инциденти- Заев ја бодреше Шкендија од трибините

Судир со полицијата, демолирање на стадионот, неколкумина приведени и уништена зелена  површина во градскиот парк – ова е епилилогот од дивеењето на навивачите на Тетовскиот клуб Шкендија поради синоќешниот пораз од белгискиот Гент со 4 спрема 0.

На судирот му претодеше инцидент поради кој Шкендија доби казна од УЕФА. Навивач на клубот влезе на теренот и физички го нападна голманот на противничката екипа. Навивачката група на “Шкендија“ го носи името “Балисти“,  историски балистите се албанска милитантна група која ги подржувала фашистите во втората светска војна. Се чини, нивните наследници ја продолжуваат традицијата па за време на натпреварот навивачите фашистички салутираа. Имаше и фотографии на команданот Џемо Хаса а неизбежен декор беа и картите на голема албанија.

Сево ова очигледно не му пречеше на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој на својот фесјбук профил објави фотографија од трибините на кои навиваше за Шкендија.

- Навиваме за Шкендија за нов успех на Македонија, напиша Заев.

Ваквиот потег на Заев предизивика жестоки реакции на социјалните мрежи. Во илјадниците коменари граѓаните негодуваат на неговото присуство на натпреварот, зтоа што како што велат, тој навивал за клуб чии навивачи се залагаат за голема албанија и фашистички салутираат.

Откако се судрија со полицијата иго напуштија стадионот, навивачите на Шкендија со своите автомобили влегуваа на зелената површина околу Градскиот Парк.

И овој пат, албанските медиуми стадионот Филип Втори го именуваа како Стадион Адем Јашари.