Џет-Сет
5. July 2017 - 15:15

Бали Бег и Неџла на меден месец во Малдиви, еве како си поминуваат

Како во турските, така и во домашните медиуми, информациите за турската брачна двојка, Бурак Озџевит и Фархие Евџан, постојано се редат една по друга.

Откако пристигнаа на дестинацијата за меден месец, Малдиви, Неџла и Бали Бег постојано објавуваат нови фото моменти на кои позираат сами.

Најпосакуваниот Турчин беше прв кој покажа како изгледа местото каде се на меден месец, а сега и неговата понежна половина објави неколку фотографии.

Егзотична и неодоливо убава, Фахрие Евџан едноставно е поубава дури и од Малдивите.