Свет
19. October 2017 - 10:47

Бакир: Ирачки Курдистан никогаш немал намера да војува со армијата на Ирак

Владата на Ирачки Курдистан никогаш немала намера да влегува во војна со ирачката армија, изјави министерот за надворешни работи на автономната област Фалах Мустафа Бакир во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој истакна дека треба да има дијалог меѓу властите во курдскиот автономен регион и Багдад за да се дојде до меѓусебно разбирање. 

Спорот не е за нафтата или националното знаме, туку за иднината на двата народа, додаде Бакир