Бајрамска порака од поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи
Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи им го честиташе на муслиманските верници празникот Рамазан Бајрам, повикувајќи на сомилост кон сиромашните, блискост и единство.
- Со се срце да му се заблагодариме на нашиот Господар, кој уште еднаш ни овозможи да се доживеат убавините, чудата и сите добрини на благословениот месец на Рамазан. Денес, со езанот на акшам намаз го завршуваме постот. Утре, на лицата на сите верници, секаде во светот природно ќе експлодира радост, бидејќи го имаме Фитр Бајрам. Драги верници, по намазот на Фитр Бајрам, сите ние по нашите домови, да искажаме радости кон членовите на семејството кон најблиските и најсаканите. Споделете ја вашата богата трпеза со оние кои немаат, со вашите соседи, и изразите милост, блискост и единство. Браќа и сестри, Го молам Семоќниот Алах да ги прими нашите добри дела и нашите молитви направени во текот на месец Рамазан, вели во пораката реисот на ИВЗ Реџепи.
Муслиманите во Република Македонија, како и во целиот свет утре, по едномесечниот пост, го слават Рамазан Бајрам. Рамазан е деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри