Бајден: Русија ќе обиде да се меша во изборите во Европа
Русија претставува најголема закана за меѓународниот либерален поредок, изјави денеска во Давос американскиот потпретседател Џо Бајден, притоа обвинивајќи ја Москва дека ќе се обиде „да влијае врз претстојните избори во Европа, како што тоа го стори во САД“.
- Под власт на претседателот (Владимир) Путин, Русија ги користи сите инструменти со кои располага за да го поткопа европскиот проект, за да ги тестира несогласувањата меѓу западните земји и за да се врати кон политиката на сфери на влијание, изјави Бајден во говорот на Светскиот економски форум во Давос, кое е негово последно обраќање на важен меѓународен собир во својство на американски потпретседател.
Тој во обраќањето нагласи дека може да се очекува Русија да се обиде да се меша во демократските процеси во европските земји, имајќи предвид дека годинава претстојат избори во неколку клучни држави во Европа.
- Тоа ќе се случи повторно, ви ветувам. И повторно целта ќе биде иста: поткопување на меѓународниот либерален поредок, потенцира Бајден.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот