Фудбал
21. January 2017 - 10:14

Баерн победи со гол во последната минута

Баварците славеа во премиерниот меч од пролетната фудбалска сезона во Бундес лигата со 2-1 на гостувањето во Фрајбург и тоа со гол во судиското надополнување. 

Левандовски беше стрелец на двата гола за Баварците откако домаќинот отвори уште во 4. минута со погодокот на Јаник Хаберер.
Баерн води на табелата со 42 бода додека Фрајбург остана на 23 и е 8-ми.