Фудбал
7. February 2018 - 11:52
Баерн и Баер први полуфиналисти на германскиот Куп
Екипите на Баерн и Баер се пласираа во полуфиналето на германскиот Куп.
Баварците славеа убедлива победа на гостувањето кај Падерборн со 6-0, додека „Фармацевтите“ во Леверекузен со пресврт го победија Вердер со 4-2, откако гостите од Бремен имаа и предност од 2-0.
Вечерва се играат преостанатите два четвртфинални дуели во кои Ајнтрахт е домаќин на Мајнц, а Шалке го пречекува Волфсбург.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->