Фудбал
25. February 2017 - 18:22

Баерн го декласира Хамбургер со 8-0

 
 Екипата на Баерн забележа убедлива победа над Хамбургер во натпревар од 22. коло на фудбалскиот шампионат на Германија. На средбата одиграна попладнево во Минхен, актуелниот шампион и лидер на табелата Баерн славеше убедлив триумф со 8-0.
 
Серијата на голови ја отвори Артуро Видал во 17.минута, по што следуваа три гола на Роберт Левандовски. Првиот од пенал 24.мнута, вториот во 42-та, а третиот во 54.минута. Две минути подоцна (56) Давид Алаба го постигна петтиот гол за Баварците, по што следуваа двата гола на Кингсли Коман (65 и 69). Конечниот резултат го постави Ариен Робен (87).
 
На останатите средби одиграни попладнево во Бундес лигата, беа постигнати следниве резултати: Баер Леверкузен – Мајнц 0-2, Дармштат – Аугсбург 1-2, Фрајбург - Борусија Дортмунд 0-3 и Лајпциг – Келн 3-1.
 
Денешната програма ќе биде заокружена со средбата Херта – Ајнтрахт, додека последните два натпревар ќе се играат утре, а ќе се сретнат, Инголштат - Борусија Менхенгладбах и Шалке – Хофенхајм.
 
Табела: Баерн Минхен 53 бода, Лајпциг 48, Борусија Дортмунд 40, Хофенхајм 37, Ајнтрахт 35, Херта 34, Келн 33,...