Македонија
5. January 2017 - 12:17

Бадникови огнови во Гевгелија и Негорци

Во Гевгелија и Негорци вечер ќе се палат најголемите бадникови огнови во земјава по повод прославата на најголемиот и највесел христијански празник Божик.

Во Гевгелија големиот оган на коледарскиот хепенинг ќе се пали на отвореното ракометно игралиште каде се поставува и бина за настапот на многу најавени естрадни имиња и групи кои ќе ги забавуваат домашните и странски посетители до доцна во ноќта, во очекување на огнометот.

Атрактивното палење на најголемото бадниково дрво во Македонија ќе се случи во Старец маало во гевгелиското село Негорци. .

На манифетациите во Гевгелија и Негорци се негуваат сите традиционални обичаи за славење на Христовото рождество, Божик.