Македонија
2. January 2017 - 17:18

Бадникарска литија и во Тетово

Наместо досегашниот пагански обичај на посета на домовите и пеење на коледарски песни, престојниот Бадник во Тетово за прв пат ќе се одбележува со бадникова литија и пеење на песната "Вечниот бог". Поворката од деца и младинци ќе тргне од пред соборниот храм и ќе минува низ главните улици во градот. Целта е да се воспостави традиција на православно чествување на празникот кој го навестува Христовото раѓање. 

Најмладите од Тетово пројавија голем интерес за учество во бадникова литија. Во простотрии на соборниот храм "Свети Кирил и Методиј" почнаа да се одржуваат пробите на децата за заедничкото учење и пеење на црковната песна "Вечниот бог" , а пријавувањето се уште трае.

Тетово е меѓу деветте градови во земјава каде за прв пат престојниот Бадник ќе се одбележува со бадникова литија и пеење на песната "Вечниот бог".