Кошарка
8. October 2015 - 10:27

Баделки поразени на стартот на регионалната лига

Кошаркарките на македонскиот првак Бадел 1862 во првото коло од женската регионална лига доживеаа убедлив пораз од Радивој Кораќ со 95:45.

Нашите кошаркарки лошо го почнаа мечот и првите поени ги постигнаа дури во шестата минута, а во тој момент домаќинот имаше предност од 14:0.

Првиот период Радивој Кораќ го реши во своја полза со 23:3 и уште на почетокот беше јасно дека Бадел 1862 ќе забележи убедлив пораз.

Во продолжението од натпреварот Радивој Кораќ ја зголемуваше предноста за победа од 95:46.

Најефикасна во редовите на Бадел 1862 беше Бранка Луковиќ со 18 поени додека Нена Трајчевска постигна 11.

Следен противник на кошаркарките на Бадел 1862 е Плеј оф Хепи, а натпреварот се игра на 14 овој месец во Скопје со почеток од 19 часот.