Фудбал
13. February 2016 - 16:58

Бабунски одигра цел меч за Ц.Звезда

Македонскиот интернационалец Давид Бабуски кој по 10 години минати во Барселона се пресели во редовите на Ц. Звезда доби полна минутажа и го одигра целиот меч во контролката со тимот од Русија  Кубан Краснодар на кој црвено-белите победија со 2-0. 
 
Бабунски одигра солидно и во  првото полувреме во 37. минута можеше да изнуди пенал после еден прекршок врз него, реагираа неговите соиграчи, но главниот судија не покажа на белата точка.
 
Дуелот беше решен во самиот финиш од средбата по еднаш во листата на стрелците се запишаа Орландиќ и Рендулиќ после асистенциите на Стојановиќ.
 
Ова беше последен тест за „црвено-белите“ пред вториот дел од сезоната и се враќаат во Белград.