Балкан
14. July 2016 - 11:42

Бабата со огромна тага и солзи во очите раскажува - Еве каков прекар му дала Ангелина на монструмот

Бабата на свирепо убиеното ангелче Ангелина, со огромна тага и солзи во очите раскажува како нејзината внука весело играла дома за роденденот, а потоа заминала во смрт во ужасни маки. Душанка Стефановиќ за српскиот Курир вели дека монструмот не навраќал често во нивната куќа, но дека обично доаѓал околу два пати месечно.
 
Душанка вели дека не се ни посомневала дека соседот Владица би можел да направи такво ѕверско дело. Малата Ангелина го нарекувала "лудиот батко", бидејќи брзо возел трактор. 
 
Откако ја убил Ангелина, бабата знаела дека тој е убиецот и на несреќната Драгана од селото, која ја задавил, завиткал во јорган и фрлил во вода, бидејќи и должел околу 3.000 евра.
 
Инаку, Владица брутално ја силуваше, претепа и уби тригодишната Ангелина.